четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 117
home Фудбал

Челзи сака да го купи Бензема

Челзи сака да го купи Бензема

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема би можел да стане играч на Челзи, објавија британските медиуми.

Според „Мирор“ тренерот на премиерлигашот од Лонодн, Маурицио Сари би сакал да го зајакне нападот на тимот. Тој верува дека на Челзи му треба нов напаѓач.

Претходно беше објавено дека Французинот може да го напушти Реал. Ако се реализира овој трансфер, англискиот тим може да го напушти Алваро Мората, кого Севиља сака да ја изнајми.

Во тековната сезона, Бензема одигра 28 натпревари за Реал Мадрид и постигна 12 гола со шест асистенции.

МИА

Коронавирус