понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 144
home Фудбал

Челзи подобар од Сити во генералната проба пред финалето во ЛШ

Челзи подобар од Сити во генералната проба пред финалето во ЛШ

Лондонски Челси направи пресврт на „Етихад“ и го победи Манчестер Сити со 2-1 во премиерлигашкиот натпревар. Сити прв поведе, не реализираше пенал, а потоа прими гол во 92. минута, со кој Челси му ја одложи прославата на новата шампионска титула во Премиер лигата на Сити,

Двете екипи имаа добри моменти во првиот дел, но Сити поведе во 44. минута со голот на Стерлинг, а неколку минути подоцна домаќините добија и пенал, кој Агуеро не го реализираше. Аргентинецот се обиде да го изненади Менди со „паненка“ пенал, но голманот на Челси лесно ја дофати топката и остана минимална предност за Сити по првите 45 минути.

Во вториот дел, Челси израмни преку Зијеш во 63. минута, во меѓувреме им беше поништен уште еден гол поради офсајд, а во судиското продолжение Алонсо го искористи невниманието на одбраната на домаќините и ги постави конечните 1:2. Сити ќе мора да почека пред промоцијата во нов шампион, додека за Челси ова се многу важни бодови во битката за место во Лигата на шампионите и лондонскиот состав сега се проби на третото место пред Лестер.

loading...