сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Фудбал

Челзи подготвен да плати 70 милиони фунти за Иско

Челзи подготвен да плати 70 милиони фунти за Иско

Премиерлигашот Челзи покажува интерес за ангажман на фудбалерот од средниот ред на Реал, Иско, објавија британските медиуми.

Се претпоставува дека Лондонскиот клуб денес ќе понуди 70 милиони фунти за овој трансфер. Во случај Реал да ја прифати понудата, Иско ќе заработува 250 илјади фунти неделно.

Претходно интерес за шпанскиот репрезентативец пројавија Манчестер сити, Арсенал и Јувентус.

Дваесет и шестгодишниот Иско во тековната сезона одигра 17 натпревари за Реал и постигна четири гола со една асистенција.

MИА