сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Челзи ќе го пушти Азар во Реал за 200 милиони фунти

Челзи ќе го пушти Азар во Реал за 200 милиони фунти

Челзи ќе ја пушти својата ѕвезда Еден Азар во насока Реал Мадрид, но само ако „белите“ се согласат да платат за Белгиецот 200 милиони фунти. Тоа е цената што тимот од „Стемфорд Бриџ“ ја постави на офанзивниот халф, велат од „Тајмс“.

Азар навести пред два дена дека е подготвен да го напушти Челзи по шест години во клубот, а Флорентино Перез сака да го привлече како замена на Кристијано Роналдо, кој беше продаден на Јувентус.

Ако трансферот стане реалност, Азар ќе стане најскапиот играч во светот, надминувајќи го Нејмар.

Освојувачот на бронзениот медал од Мондијалот 2018 година има договор со Челзи за уште две сезони, а тимот од Лондон му понуди повторно да потпишат со него за надомест од 300.000 фунти неделно.

Сепак, според медиумите на Островот, Азар тешко ќе го прифати овој предлог и поверојатно е да се случи трансфер.

Коронавирус