вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи и Реал за место во финалето во Лигата на шампионите

Челзи и Реал за место во финалето во Лигата на шампионите

Кој ќе биде противник на Манчестер Сити во финалето во Истанбул, ќе дознаеме вечерва откако својот реванш полуфинален меч ќе го одиграат Челзи и Реал Мадрид.

Дуелот на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон ќе започне со резултат 1:1 остварен на првиот меч во Мадрид.

Традицијата е на страна на „сините“ екипата на Челзи која во досегашните четири пресметки со „кралевите“ нема пораз, а има забележано две победи.

Челзи ќе атакува на своето трето финале, додека Реал по тројната круна (2016, 2017 и 2018) го прка своето прво финале, а вкупно 17-то во историјата на клубот.

Во составот на домаќините сигурно ќе го нема Ковачиќ кој одамна е повреден, а од истата причина кај Реал ќе недостасуваат Карвахал и Васкез додека Менди и Варан се под знак на прашање за настап на вечерашниот дуел.

Мечот меѓу Челзи и Реал Мадрид по кој ќе биде познат противникот на Манчестер Сити во финалето (29 мај) ќе започне во стандардниот термин од 21 часот.

ЕУРО 2020

Македонија