петок, 14. мај 2021. Вести денес: 67
Во живо

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски во посета на општина Битола

home Фудбал

Челзи и Манчестер Сити веќе се повлекуваат од Суперлигата

Челзи и Манчестер Сити веќе се повлекуваат од Суперлигата

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити објави дека се повлекол од Европската Суперлига (ЕСЛ), а неговиот пример ќе го следи и Челзи. Ова следува само два дена откако беше обелоденето дека тие ќе бидат меѓу шест англиски екипи кои ќе играат во новото елитно клупско натпреварување, кое се заканува да предизвика раскол во светот на фудбалот.

УЕФА, ФИФА, Европската асоцијација на клубови, навивачките здруженија и националните лиги го осудија проектот и ветија дека со сите сили ќе се борат да не се оствари, при што се најавени и жестоки санкции.

Челзи, пред чиј стадион денеска се собраа 1.000 навивачи за да протестираат, беше првиот англиски клуб кој навести дека ќе се повлече од ЕСЛ,. Нејасно е со колку цврсти договори се врзани за проектот.

Одлуката за повлекувањето на Челзи ја донесол лично Роман Абрамович, откако ги видел лошите реакции низ цел свет.

Премиерот Борис Џонсон денеска се сретна со челниците на Фудбалската асоцијација на Англија и на Премиерлигата и вети дека владата ќе ги преземе сите можни мерки за да се сопре проектот, добивајќи поддршка и од опозициските партии.

Коронавирус