петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи и Арсенал подготвуваат спектакуларна трампа во „5 до 12“!

Челзи и Арсенал подготвуваат спектакуларна трампа во „5 до 12“!

Пјер Емерик Обамејанг најверојатно ќе го засили Арсенал до крајот на овој трансфер период, па Оливие Жиру ќе биде слободен, но и да не се случи тоа Антонио Конте смисли добар план.

Доколку Венгер обезбеди напаѓач, Жиру речиси сигурно во тој случај заминува, а Челси кој бара напаѓач го посакува во своите редови.

Управата на Челси знае дека Арсенал има проблем со стоперите, особено откако играат со тројца во линија, па на Венгер му понудија и замена доколку не сака да го продаде Жиру.

„Дејли стар“ пишува дека Давид Луиз е тој кој му е понуден на Арсенал во замена за Оливие Жиру. Топчиите досега бараа 40 милиони евра за Жиру, но со оглед на квалитетот на Луиз, сигурно е дека за нив ова не е лоша опција.

Венгер размислува, понудите се отворени и се на маса, а наскоро очекува разврска околу сите случаеви.

Вечерва Арсенал му гостува на Свонси во рамките на Премиерлигата, а сигурно е дека Жиру нема да биде во тимот.

sport1.mk

Коронавирус