среда, 23. септември 2020. Вести денес: 101
home Фудбал

Челзи го сака Игуаин пред дербито со Арсенал

Челзи го сака Игуаин пред дербито со Арсенал

Челзи сака да го комплетира трансферот на Аргентинецот Гонзало Игуаин пред дербито со Арсенал во Премиер лигата – мечот е во сабота (19-ти јануари).

Во Италија се рашири веста дека Челзи и Јувентус веќе се договориле да го отстапат напаѓачот до крајот на сезоната на „Стемфорд Бриџ“.

Според „Ивнинг стандард“, Маурисио Сари сака да го регистрира играчот за мечот со Арсенал, што значи дека договорот треба да заврши до утре попладне.

Триесет и едно-годишниот Игуаин ќе има опција за ново изнајмување од 12 месеци по крајот на сезоната, при добри перформанси со синиот дрес.

Коронавирус