четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 122
home Фудбал

Челзи го испрати Бакајоко во Милан

Челзи го испрати Бакајоко во Милан

Челзи и Милан постигнаа договор за трансферот на играчот од средниот ред, Тиемуе Бакајоко. Францускиот фудбалер ќе игра на позајмица кај „Росонерите“ следната сезона.

Во договорот помеѓу двата клуба има клаузула која го обврзува Милан да ги откупи наредното лето правата на Бакајоко за сума од 30 милиони фунти. Минатото лето, „Сините“ го купија полудефанзивецот за 35 милиони фунти од Монако.

Дваесет и тригодишниот фудбалер не успеа да се наметне во составот на Антонио Конте минатата сезона, а исто така не влезе во плановите на новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари.

Тимот од Лондон се пред обезбедување на услугите на Матео Ковачиќ, кој беше привлечен на изнајмување од Реал Мадрид до крајот на сезоната со опција за постојан трансфер на Хрватот на „Стемфорд Бриџ“.

Коронавирус