недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 66
home Фудбал

Челси замената за Рудигер ќе ја бара во Италија

Челси замената за Рудигер ќе ја бара во Италија

Актуелниот првак на Европа изминативе две години ја осигура иднината со трансферите на Чилвел, Вернер, Хавертс, Нигез и Лукаку, но стоперската позиција започнува да биде проблематична за „сините“.

Чесли ова лето беше блиску до осигурување на трансферот на Жул Кунде, но истиот пропадна во последните денови од преодниот рок откако Севилја се одлучи да не ја прифати иницијалната понуда од 60 милиони евра, а притоа клубот од „Стемфорд Бриџ“ остана без Курт Зума кој го засили Вест Хем.

Пред заминување од тимот е и Антонио Рудигер чиј договор истекува на крајот на сезоната, а преговорите не се одвиваат во најдобар можен ред. Интересот за германскиот репрезентативец е огромен, а доколку Челси не ги исполни условите на 28-годишникот ќе мора да тргне во потрага по нов стопер.

Во тој случај погледите на Томас Тухел се насочени кон дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт кој има „посебна клаузула“ во својот договор со „старата дама“. Имено, Холанѓанецот ќе може да го напушти Торино во летото 2022 година, но само за 150 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Како опција за двократниот европски шампион се јавува и фудбалерот на Милан, Алесио Ромањоли чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Локални избори 2021