Иднината на Пјер-Емерик Обамејанг во дресот на Арсенал е многу неизвесна со оглед на фактот дека неговиот договор истекува следното лето, а барем засега нема најави дека ќе ја продолжи соработката.
Габонецот е подготвен за нов предизвик, а и лондонскиот тим нема проблем да го продаде, бидејќи сака добро да заработи со оглед на неговата цена на трансфер-пазарот. Реал Мадрид покажув сериозен интерес за голгетерот, но според извори на „ЕСПН“ во трката за потписот на фудбалерот сериозно влегува и Челси.
Во таборот на Челси ќе има сериозна реконструкција во нападот, бидејќи летово си заминуваат Педро Родригез и Вилијам, чии договори истекуваат, а засега единствено сигурно засилување е Хаким Зијеч од Ајакс.