недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Фудбал

Челси влезе во трката за Антоан Гризман

Челси влезе во трката за Антоан Гризман

Антоан Гризман пристигна во редовите на Барселона како огромно засилување за сума од 120 милиони евра, но Французинот не успеа да ги оправда очекувањата на каталонците, па со оглед на преголемите примања и финансиските проблеми на клубот сега се наоѓа пред излезните врати на „Камп Ноу“.

Гризман беше споменуван со размена на играчи со Атлетико Мадрид и Јувентус, трансфери кои не беа реализирани, а сега во трката за 30-годишникот влезе и актуелниот европски шампион Челси.

„Сините“ на Томас Тухел во следната сезона ќе атакуваат на враќање на врвот на Англија и одбрана на европскиот трон. И покрај тоа што во своите редови германскиот стратег има изобилсто од играчи, најпроблематичен е нападот кој креира, но не реализира.

Токму во овој поглед Тухел го гледа искусниот Французин кој е со докажан квалитет и може да покрие повеќе позиции. Доколку се реализира овој трансфер истиот би го чинел Челси околку 80 милиони евра.

Коронавирус