недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 79
home Фудбал

Челси се подготвува да се раздели со Канте

Челси се подготвува да се раздели со Канте

Челси подготвува продажба на францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте за да собере средства за финансирање на трансферите на Каи Хаверц од Баер Леверкузен и Бен Чивел од Лестер, пишува „Тајмс“ во денешниот број.

Дваесет и девет-годишниот Канте, светски шампион со француската репрезентација, е еден од милениците на публиката на „Стемфорд Бриџ“ и клучна фигура кај „сините“. Од влегувањето во лондонскиот клуб во 2016 година, тој ги освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на Европа.

Челси веќе потроши 100 милиони фунти на Хаким Зијеш и Тимо Вернер, а на менаџерот Френк Лампард му е порачано дека клубот ќе може да продолжи да троши само доколку продаде некои од неговите сегашни sвезди.

Според „Тајмс“, Лампард е подготвен да се раздели со Канте, Тимуе Бакајоко, Миши Батшуаи и Баба Рахман. Сепак, за привлекување Хаврц и Чивел, на Челси ќе му требаат околу 125 милиони фунти повеќе, бидејќи цената на Германецот е околу 75 милиони, а онаа на Англичанецот – околу 50 милиони.

Челси води жестока битка за четвртото место во Премиер лигата, а екипата го започнува одново првенството во Англија со натпревари против Астон Вила, Манчестер Сити и Лестер Сити.

Коронавирус