сабота, 28. март 2020. Вести денес: 35
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Челси сака да го донесе Кутињо?

Челси сака да го донесе Кутињо?

Филипе Кутињо игра на позајмица во Баерн оваа сезона, но сигурно е дека ќе се врати во Барселона летово.

Баварците имаат опција да го купат неговиот договор за 120 милиони евра, но како што стојат работите, тешко дека ќе се случи тоа. Шпанските медиуми веќе објавија дека се откажале од опцијата за купување на Кутињо во Баерн, и дека Бразилецот по заемот сигурно ќе се врати во каталонскиот клуб.

Сепак, Кутињо нема намера да остане во Барселона. Тој пристигна во каталонскиот клуб на почетокот на 2018 година и се покажа дека е големо промашување.

Во Барса се надеваат дека ќе го продадат во текот на летото и ќе ги вложат парите во доведување нови играчи. Мундо Депортиво известува дека Барселона им понудила на Кутињо на челниците на Челси, и дека лондонскиот клуб е подготвен да го донесе, но под еден услов.

Наводно, Сините не сакаат да го купат неговиот договор од Барселона летово и подготвени се да го доведат на едногодишна позајмица, а доколку Кутињо ја оправда довербата, тие ќе го купат.

Ова сценарио не им одговара на Каталонците кои сакаат пари ова лето, но ако немаат друг избор, тогаш би можеле да го испратат Кутињо на позајмица во Челси.