понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 92
home Фудбал

Челси му се сеири на Арсенал: Ни го украдоа најлошиот дефанзивец што го имавме!

Челси му се сеири на Арсенал: Ни го украдоа најлошиот дефанзивец што го имавме!

Бразилскиот дефанзивец, Давид Луиз, пристигна во Арсенал на почетокот од оваа сезона од градскиот ривал, екипата на Челси.

„Топчиите“ за негов трансфер платија околу девет милиони евра, но се покажа како вистинскиот потег. Давид Луиз оваа сезона играше речиси на сите натпревари, но загрижува неговата моментална форма.

Фановите остро го критикуваа Бразилецот за лошите игри што ги дава во дресот на Арсенал и рекоа дека е време тој да седне на клупата. За Луиз зборуваше и поранешниот играч на Челси, Тони Каскарино, кој рече дека на „Стемфорд Бриџ“ не можат да веруваат дека Арсенал го купил Бразилецот.

Луиз имаше очајна година во Челси минатата сезона и клубот веќе го стави на трансфер-листата, но тие беа шокирани кога Арсенал буквално им го „украде“ играчот.

Кога Арсенал го купи Луис, Челси беше изненаден. Еден од директорите ми рече: „Па, тие го купија нашиот најлош дефанзивец“. Тој последната година ја одигра катастрофално, истакна Каскарино.

Луиз досега одигра 16 натпревари во Премиер лигата оваа сезона и успеа да постигне два гола. Сепак, Арсенал е само на 12-та позиција, а тимот прими дури 28 голови, од кои за некои директен виновник беше Луиз.

Коронавирус