петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 177
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Фудбал

Челси е класа над Тотенхем,убедлив триумф во градското дерби

Челси е класа над Тотенхем,убедлив триумф во градското дерби

Челси и Ливерпул пет кола имаат исти резултати и гол разлика 12-1, вечерва „сините“ со 0-3 си заминаа од гостувањето кај Тотенхем.

По прво полувреме без погодоци, резултатот беше отворен на стартот од вториот дел, Тијаго Силва скокна по еден корнер и донесе предност од 1-0.

Во 57. минута, Канте зголеми на  2-0. Французинот биеше од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден од играчите на Тотнем, го смени правецот и заврши во мрежата.

Конечниот резултат беше поставен во последните минути од мечот, Рудигер беше во улога на напаѓач, одлично се отвори да прими топка на 11 метри и биеше прецизно за 3-0.

Локални избори 2021