сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Челси без двајца фудбалери во наредниот период

Челси без двајца фудбалери во наредниот период

Германскиот стратег Томас Тухел изјави дека во наредниот период неговиот тим ќе биде без Ромелу Лукаку и Тимо Вернер на следните два натпревари.

Напаѓачите на Челси се повредија на мечот против Малме од ЛШ. Лукаку има проблеми со скочниот зглоб, додека Тимо Вернер има проблем  со истегнат мускул.

Нема да настапат против Норич, веројатно ни против Саутемптон. Потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Она што можам да го кажам е дека се на посебни третмани. Размислуваме позитивно, не сме загрижени, имаме доволно фудбалери, но нив двајца сигурно нема да ги имаме“, порача Тухел.

 

Коронавирус