среда, 2. декември 2020. Вести денес: 211
home Фудбал

Чеферин се налути – ќе ја менува целата дисциплинска комисија на УЕФА!

Чеферин се налути – ќе ја менува целата дисциплинска комисија на УЕФА!

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александер Чеферин најави дека во март идната година ќе направи комплетна реорганизација на дисциплинската комисија на фудбалската централа, откако сериозните проблеми со расизмот и благите казни практично го налутија Словенецот, кој годинава доби втор намдат да биде на чело на организацијата од Нион.

Откако УЕФА преблаго казнува во последно време по зашестените расистички испади по стадионите во Европа, многу организации кои се борат против расизмот ја нападнаа УЕФА дека одлуките и се очекувани, кога во дисциплинската комисија нема ниту еден црномурест член, ниту пак припаднички на понежниот пол.

„Не правиме доволно, ниту сме направиле доволно. Овие случаи не туркаат. Гледајќи ги овие инциденти, не само како татко, туку како нормален човек се – одвратни. Знам дека можеме повеќе, но ситуацијата во Европа не се подобрува. И тука не станува збор за Бугарија (најголемиот расистички инцидент се случи пред два месеци во Софија – н.з.), туку станува збор и за Англија, а и за Италија, Франција… После вакви случаи, сериозно размислиувам дали правиме доволно, дали имаме луѓе што сериозно го разбираат проблемот. Луѓето треба да го почувствуват проблемот, а различно е ако никогаш лично не сте почувствувале проблем. Јас знам зашто растев во екс-социјалистичка земја во која сите не беа еднакво третирани. Нашите органи мора да бидат поинакви, мора да имаме повеќе црномурести луѓе и жени во органите што одлучуваат, а се сложувам дека казните мора да бидат поголеми и посилни. И сигурен сум дека ќе успееме, ќе мора да го менуваме и дисциплинскиот правилник. Во иднина ќе мора да имаме многу посериозни казни“, вели Чеферин.

За промени во организациските структури, УЕФА ќе треба да донесе одлука на следниот Конгрес, најверојатно во март, по што би се направиле промените што ги најавува актуелниот прв човек на европскиот фудбал.

Коронавирус