сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Чеферин призна: Ако не продолжиме до крајот на јуни, сезоната ќе биде загубена!

Чеферин призна: Ако не продолжиме до крајот на јуни, сезоната ќе биде загубена!

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин јавно призна дека сè зависи од пандемијата на коронавирусот. Дали ќе биде загубена сезоната или ќе се доигра засега не е познато, иако сите вложуваат напори за да се врати фудбалот на терените.

Првиот човек на УЕФА кажа дека здравјето е на прво место, а има и неколку предлози за комплетирање на сезоната.

„Во овој драматичен момент најважно е здравјето на луѓето и победување на кризата. Не знаеме како ќе се однесува пандемијата и кога ќе заврши, но имаме неколку планови. Во контакт сме со лигата, со клубовите, постои работна група. Мора да чекаме, како и во сите останати сектори“, кажа Чеферин.

Чеферин има неколку предлози за продолжување на првенствата.

„Можеме да почнеме на средината на мај, средината на јуни или крајот на јуни. Но, ако не успеме во тоа, тогаш сезоната најверојатно е загубена“, кажа првиот човек на УЕФА.

Коронавирус