вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Фудбал

Чеферин откри дали дуелите во Лигата на шампионите ќе бидат одложени

Чеферин откри дали дуелите во Лигата на шампионите ќе бидат одложени

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин откри дека од Централата ги следат одлуките на одделните земји во позадина на гласините за одложениот натпревар помеѓу Јувентус и Лион во Лигата на шампионите.

Натпреварот треба да се одржи на „Алијанц Арената“ на 17-ти март, но епидемијата на коронавирус во Италија ги доведе спортските настани во опасност да бидат откажани и одложени за подоцнежен датум.

Претседателот Чеферин откри дека раководното тело на турнирите ќе ги следи инструкциите на засегнатите земји учеснички.

„Ние внимателно го следиме развојот на епидемијата. Во моментов нема откажани натпревари, но ние ќе ги следиме одлуките што ќе бидат донесени во поединечните земји“, рече тој за „Екип“.

Во Италија го одложија големото дерби меѓу Јуве и Интер, а во моментов тимот од Торино се подготвува да го пречека Милан за Купот во делумно отворен стадион.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Лион може да биде затворен за навивачи, а шефотна Олимпик Лион, Жан-Мишел Олас дури посочи дека мечот може да се игра на „неутрален терен“.

Коронавирус