недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 49
home Фудбал

Чеферин наскоро во посета на Грција за ситуацијата во грчкиот фудбал

Чеферин наскоро во посета на Грција за ситуацијата во грчкиот фудбал

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, се очекува во следниот период да ја посети Грција за да понуди техничка помош за рестартирање на грчкиот фудбал, бирфираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис вчера во Швајцарија оствари средба со Чеферин на која му ја пренел поканата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Според истите информации, Герапетритис одржал средби и со претставници на УЕФА за да се одредат деталите за учеството на федерацијата во планот за средување на ситуацијата во грчкиот фудбал.

Коронавирус