понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Чеферин им вети на Грците: Ќе помогнеме да се исчисти фудбалот од насилство и корупција!

Чеферин им вети на Грците: Ќе помогнеме да се исчисти фудбалот од насилство и корупција!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин ѝ дал ветување на Грција дека со сите сили ќе помогне да се расчиси големата корупција, но и да се реши проблемот со огромното насилство во фудбалот кај јужниот сосед, откако премиерот Киријакос Мицотакис побара интервенција од Нион за сузбивање на сите зла кои веќе со децении се проблем во грчкиот фудбал.

Чеферин од завчера беше во Атина, а вчеравечер имал состанок со премиерот Мицотакис, на кој му ветил дека УЕФА со сите ресурси ќе помогне за да се исчистат сите валканици, откако денеска го потпишале меморандумот за соработка.

„Донесовме одлука да се исчисти грчкиот фудбал засекогаш и многу се радуваме на помошта што ќе ја добиеме од вас и од УЕФА во тој процес“, рекол Мицотакис по средбата со Чеферин.

Според најавите, изготвен е документ во кој три месеци од денешното потпишување, УЕФА ќе изгради студија како да се унапреди грчкиот фудбал севкупно. Мицотакис минатиот месец, кога побара интервенции од УЕФА, најави дека ќе бара суспензија за грчките клубови во Европа, но дури и суспензија на лигата ако не се исчисти со криминалот, корупцијата и насилството.

Камен на сопнување е проблемот со исто сопствеништво во клубовите, од каде и почна хаосот, откако беше откриено дека ПАОК и Ксанти ги води ист газда – контроверзниот бивш КГБ-овец Иван Савидис. Рускиот тајкун од Ростов официјално е спонзор на ПАОК, а преку фирми регистрирани на Кипар, затскриено е газда и на Ксанти.

Мицотакис во име на Владата ѝ ветил на УЕФА дека ќе даде полна поддршка во реформите во грчкиот фудбал, а Чеферин најавил дека фудбалот без други мешања на политиката, сам по себе ќе се исчисти со помош од Нион.

„Фудбалот сам ќе си ги реши проблемите, нормално со наша поддршка“, рекол Словенецот.