петок, 3. декември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави се договорил со Барса и побарал две големи засилувања во јануари

Чави се договорил со Барса и побарал две големи засилувања во јануари

Неколку извори пренесуваат дека Барселона и Чави се договориле, легендата ќе го наследи Роналд Куман на кормилото и веќе се кројат планови како ќе изгледа тимот во продолжението од сезоната.

Чави ќе биде новиот тренер на Барселона, ова го пренесоа неколку извори од Шпанија. Стратегот и раководството на „каталонците“ се договориле тој да седне на кормилото на Камп Ноу.

Сега останува Чави да седне на маса со лидерите на Ал Сад и да се договорат за прекин на соработката. Се говори дека тој ќе го води тимот на уште два меча, ќе се поздрави со навивачите и потоа ќе замине за Шпанија.

Во Барселона, Чави ќе пристигне со својот стручен штаб, неговиот брат Оскар, асистентот Серхио Алегре и фитнес тренерот Иван Торес.

Се шпекулира дека Чави веќе побарал две големи засилувања, и ангажман на Рахим Стерлинг и Жул Кунде во јануари. „Каталонците“ имаат ограничени средства за настап на трансфер пазарот, па останува да се види дали ќе можат да му ги исполнат желбите.

Коронавирус