понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 75
home Фудбал

Чави: Бесен сум и лут

Чави: Бесен сум и лут

Чави Ернандес го претрпе првиот пораз како тренер на Барселона, откако неговиот тим загуби на „Камп Ноу“ на натпреварот во Примера кој требаше да послужи како добра подготовка за клучниот меч против Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Ернандес не го криеше разочарувањето по првиот пораз, особено поради фактот што со видео анализи им посочи на своите фудбалери дека најголемата опасност доаѓа преку транзициите и контрите на Бетис.

– Кога изгледаше дека сме најдобри на теренот, примивме гол. Примивме гол од контра и мора да бидеме многу подобри во тој аспект. Не можеш да заспиеш на нивна контра, мора да се спречат такви опасности навреме. Знаевме од каде доаѓа опасноста, работевме со видео анализа на нивните акции и мораше да спречиме таков гол. Добивме преголема казна за натпреварот кој го одигравме и затоа сум бесен и лут, – порача Чави, кој вели дека сите во Барселона треба да му помогнат на Мемфис Депај.

– Мора да му помогнеме на Мемфис да ја научи и да ја сфати нашата игра. Тој ни помага и се отвора во празен простор, но едноставно не го наоѓаме во прав момент. Мора да бидеме поагресивни и во нападот, бидејќи во дефанзива станавме поагресивни откако сум тука, – изјави Чави.

Коронавирус