вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Чао Италија: Буфон заминува во европскиот гигант- понудата е двојно поголема плата од она што го има во Јувентус

Чао Италија: Буфон заминува во европскиот гигант- понудата е двојно поголема плата од она што го има во Јувентус

Опростувањето на Џанлуиџи Буфон од Јувентус и неговата иднина се главна тема на италијанските спортски медиуми.

„Збогум Италија, повикува Париз“, е насловот кој е пола на италијански, пола на француски на насловната страна Газета дело Спорт, со фотографија од Џиџи Буфон. Весникот пишува дека ПСЖ на голманот му понудил двегодишен договор со плата меѓу 7 и 8 милиони евра.

Миланскиот весник додава дека Буфон веќе бил контактиран и дека дефинитивен одговор ќе даде следната недела, таму се објаснува дека парижаните го сакаат Буфон поради неговата големина, симболот кој тој како играч и човек претставува, но и поради почитувањето на Фер плејот на УЕФА.

Имено, Џиџи би дошол во Париз без да платат ниту евро за оштета и би гарантирал сигурен гол на ПСЖ една, а можеби и две години. Од друга страна сумите и за голмани кои не се калибар на Буфон , пораснаа до 40 и 50 милиони евра.