четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 26
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Чалханоглу: Интер е многу посилен од Милан

Чалханоглу: Интер е многу посилен од Милан

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу, кој настапуваше за Милан, го сподели своето мислење за двата милански клуба.

– Интер е многу посилен од Милан. Дербито го загубивме по 75 минути кога направивме замени. Водевме со 1:0 и на крајот загубивме 1:2. Тренерот Симоне Инзаги придонесе за нашиот неуспех, му кажав за тоа. И во полуфиналето на Купот на Италија ги победивме, рече Чалканоглу за „Tivibu Spor.“.

Турскиот фудбалер играше за Милан од 2017 до 2021 година, по што се пресели во Интер.

Минатата сезона 28-годишниот Чалханоглу одигра 46 натпревари на кои постигна осум голови и 13 асистенции.

Коронавирус