недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 68
home Фудбал

Чаланоглу го однесе Милан во полуфиналето на италијанскиот куп

Чаланоглу го однесе Милан во полуфиналето на италијанскиот куп

Турскиот интернационалец во редовите на Милан, Хакан Чаланоглу е најзаслужниот за пласманот на „росо-нерите“ во полуфиналето на Купот на Италија. Чалаоноглу синоќа постигна два од четирите погодоци за Милан во победата над Торино со 4:2 извојувана по продолженија.

Најпрво Џакомо Бонавентура по само 12 минути игра му донесе водство на Милан. Торино изедначи преку Бразилецот Бремер во 34.минута, а истиот фудбалер во 71.минута им донесе предност на гостите. Чаланоглу во 90+1. минута гоо однесе натпреварот во продолженија.  Во нив Милан постигна два гола, преку Чаланоглу и Златан Ибрахимовиќ за конечен триумф.

За место во финалето Милан ќе игра со Јувентус.

Во другото полуфинале од Копа Италија ќе играат Наполи и подобриот од дуелот Фиорентина – Интер.

Коронавирус