Фудбал реал мадрид

Чаби Алонсо е наследникот на Анчелоти?!

Реал Мадрид брзо пронајде наследник на Карло Анчелоти, кој го завршува својот втор мандат во Мадрид, заменувајќи една клупска легенда со друга, открива инсајдерот Матео Морето.

„Чаби Алонсо ќе го извести Баер Леверкузен во следните неколку дена дека одлучил да го преземе Реал. Трансферот е на еден чекор од реализација“, рече Морето.

Алонсо помина пет години како играч во Реал и од 2009 до 2014 година освои една Ла Лига и една Лига на шампиони и два Купа на кралеви, а сега ќе го наследи Анчелоти кој го тренираше во Реал и Баерн. Тој е тренер во врвниот фудбал само две и пол години, но за кратко време постигна одлични резултати во Леверкузен, со кој минатата година го освои германското првенство.

To top