вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Цената на Елмас драстично скокна по одличните игри за Наполи (ФОТО)

Цената на Елмас драстично скокна по одличните игри за Наполи (ФОТО)

Елиф Елмас изминатото лето направи трансфер од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра, плус дополнителни два милиони во бонуси.

На стартот од сезоната македонскиот репрезентативец според интернет порталот „Трансфермаркт“ беше проценет на 10 милиони евра. Сега неговата цена е зголемена за седум милиони евра и е помеѓу десетте фудбалери во Серија А со најголем напредок. Тој добива солидна минутажа од тренерот Карло Анчелоти, а аналитичарите ја забележаа неговата игра и сега тој вреди многу повеќе отколку кога дојде во тимот.

Според „Трансфермаркт“ најголем скок во цената според игрите прикажани сезонава на теренот има Стефано Сенси од Интер, но тука се уште двајца соиграчи на Елмас од Наполи, а тоа се Фабијан Руиз и Џовани ди Лоренцо.