сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 12
home Фудбал

Целта на Аталанта е да заврши во првите четири и повторно да игра во Лигата на шампионите

Целта на Аталанта е да заврши во првите четири и повторно да игра во Лигата на шампионите

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини ги кажа амбициите на Аталанта која вчера во натпреварот од 25. коло од Серија А против Сасуоло славеше победа со 4:1.

– Имаше неколку прашања во врска со овој меч затоа што беше прв по долг период без фудбал. Но, добро се снаоѓавме, иако не беше лесно против опасната екипа. Овие беа шокантни месеци во Бергамо, откако игравме во Валенсија не знаевме дека пандемијата ќе експлодира како што тоа се случи овде. Останавме во контакт со играчите и дозволивме да тренираат сами. Горди сме што сме водечки во Европа по ефикасност со просечни 2,8 голови на натпревар во Серија А. Во секој случај, треба да се фокусираме на завршницата, да бидеме во првите четири и повторно да влеземе во Лигата на шампионите, бидејќи тоа е нашата цел, изјави Гасперини.

Аталанта по 26 кола е на 4. место со 51 бод, шест повеќе од петтопласираната Рома.

Коронавирус