вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 87
home Фудбал

Целосен договор: Ал Ахли не жалеше пари, Алиоски се пресели во Саудиска Арабија

Целосен договор: Ал Ахли не жалеше пари, Алиоски се пресели во Саудиска Арабија

Езгијан Алиоски помалку од еден месец беше слободен играч по истекот на договорот со Лидс Јунајтед, за од денеска тој и официјално да ја продолжи својата кариера на азискиот континент. Ал Ахли од Саудиска Арабија ќе биде новиот клуб на македонскиот репрезентативец, откако челниците на Ал Ахли ги исполнија финансиските барања на нашиот интернационалец, кои беа недостижни за турските гиганти Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор.

Веќе е постигнат целосен договор, Алиоски ќе ги мине наредните две години во дресот на Ал Ахли, а за возврат во овој период ќе добие вкупно 5,4 милиони евра. За потсетување, ниту еден од заинтересираните турски клубови не понуди повеќе од четири милиони евра за двогодишна соработка, згора на тоа преговорите траеја премногу долго и компликувано. За разлика од Турците, арапските газди на Ал Ахли експресно ги прифатија сите детали од договорот што го бараше Алиоски, кој по задолжителните лекарски прегледи и официјално ќе биде промовиран во новиот клуб.

Покрај платата, се очекува Езгијан Алиоски да заработи и најмалку еден милион евра при самиот потпис на договорот, во кој ќе има и клаузули за дополнителни бонуси во зависност од освоените трофеи со новиот клуб.

Коронавирус