петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Цела Италија бесна на германскиот судија: УЕФА, забрани го Феликс Брих, доста го навредуваше фудбалот

Цела Италија бесна на германскиот судија: УЕФА, забрани го Феликс Брих, доста го навредуваше фудбалот

Еден од најчитаните италијански весници Тутоспорт упати јавен апел до УЕФА, да го тргне од листата германскиот судија Феликс Брих, после црвениот картон кој му го даде на Роналдо во Валенсија вчера вечер.

Хавиер Јакобели, уредникот на весникот кој ја дели наградата за најдобар млад играч на светот, потегот на Брих да го исклучи Роналдо после благиот контакт со Џејсон Муриљо, го нарече „навреда за фудбалот“ во посебниот извештај до Местаља.

Тој побара од УЕФА да го отпушти Брих и да не му дозволи да суди меѓународни натпревари, бидејќи ова му е само една од низата многу грешки.

Во текстот се наведува дека Брих измислил пенал за Валенсија во судиското продолжение и неговото судење го опиша како „срамно“.

На удар на италијанските медиуми се најде и помошникот на Брих Марко Фриц, на чија иницијатива е исклучен Роналдо, под наводи дека бил скандалозен.

Поранешниот судија во финалето на Лигата на шампионите во краток период втор пат е тешка мета на критики, откако ФИФА го прати дома после правата фаза на Светското првенство поради грешките на мечот Србија Швајцарија.

Коронавирус