понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 97
home Фудбал

Цел тим на Евертон во карантин

Цел тим на Евертон во карантин

Eвертон е новиот клуб кој превзема драстични мерки поради пандемијата.

Тимот на Евертон денес потврди дека целиот тим се наоѓа во карантин поради опасноста од коронавирусот.

Еден од играчите покажал симптоми слични на овој вирус и поради мерки на претпазивост „карамелите“ одлучиле во карантин да го стават целиот тим.

Клубот од „Гудисон Парк“ требаше во понеделник од 21:00 часот да го дочека Ливерпул во Мерсисајд дербито.

Ќе потсетиме потврдени случаи на коронавирус во Премиер лигата се кај Микел Артета и Калум Хадсон Одои.

Очекувањата се наскоро да биде објавено дека Премиер лигата ќе го одложи целото 30. коло.

Коронавирус