среда, 21. август 2019. Вести денес: 85
home Фудбал

Цел свет е гневен на овие луѓе: Фанови се потсмеваа со трагедијата на Сала и неговата смрт (ВИДЕО)

Цел свет е гневен на овие луѓе: Фанови се потсмеваа со трагедијата на Сала и неговата смрт (ВИДЕО)

Трагичната смрт на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала го трогна целиот фудбалски свет, но имаше и луѓе кои се потсмеваа на она што му се случи на 28-годишниот стрелец. За време на натпреварот помеѓу Саутемптон и Кардиф Сити вчера двајца приврзаници на „светците“ имитираа гестови на авион кој се урна.

Видеото брзо се прошири низ Интернет просторот, а полицијата не задоцни и ги приведе двајцата мажи.

-Таквото однесување нема место на нашиот стадион и нема да се толерира, пишува во официјалната изјава на Саутемптон.

Клубот потврди дека фановите за кои станува збор биле идентификувани и уапсени. Тие, најверојатно, ќе бидат лишени од можноста да влегуваат на „Сент Мери“.

Пред натпреварот, фудбалерите на двата тима му оддадоа почит на Сала со едноминутен молк, а Кардиф забележа драматична победа од 2:1 со гол на резервата Кенет Зохоре.
-Сакавме да победиме за Емилијано и јас сум горд што момците тоа го направија, рече менаџерот на тимот Нил Варнок по успехот.

Како што е познато, авионот со Аргентинецот, кој премина од Нант во Кардиф, исчезна во реонот на Ламанш, а пред неколку дена остатоците од авионот беа пронајдени и телото на Сала беше идентификувано