петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Бускетс негативен на коронавирус, ќе се приклучи на шпанската репрезентација

Бускетс негативен на коронавирус, ќе се приклучи на шпанската репрезентација

Играчот за врска на Шпанија, Серхио Бускетс се излечи од коронавирусот. Тој на 6 јуни доби позитивен тест. Фудбалерот наскоро ќе се приклучи на националниот тим, објавено е на официјалната веб-страница на Шпанската фудбалска федерација.

Капитенот на „црвената фурија“ го пропушти натпреварот од првото коло на Европското првенство 2020 со Шведска (0:0), но се очекува тој да биде во составот за дуелот со Полска.

Натпреварот Полска – Шпанија се игра утревечер во 21 часот во Севилја.

Коронавирус