четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Бундеслигата официјално е прекината до крајот на април

Бундеслигата официјално е прекината до крајот на април

Клубовите од Првата и втората Бундеслига го одобрија предлогот на локалната федерација за периодот на суспензија на првенствата, а новиот датум е 30 април. Досега, тие официјално се прекинати до 2 април поради пандемијата на коронавирус. Според Кикер, сегашната надеж е дека мечовите ќе започнат на почетокот на мај, при што средбите нема да бидат отворени за навивачите.

Предлогот за новиот датум е даден пред една недела, а денес беше официјално направена видео конференција откако сите клубови се договорија.

Главниот извршен директор на германската фудбалска лига, Кристијан Сејферт, објави дека целта е да се стави крај на првенствата до 30 јуни. Тој додаде дека дуелите најверојатно ќе се одвиваат пред празни трибини.

– Нашата цел е да ја завршиме сезоната до 30 јуни. Сакаме да видиме што ќе биде можно. Доколку мечевите се одиграат, може да се претпостави дека ќе мора да се играат без гледачи дури следната сезона, можеби до крајот на годината, рече Сејферт.

Коронавирус