сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 32
home Фудбал

Буфон со жесток напад кон судијата: Оливер има канта за ѓубре

Буфон со жесток напад кон судијата: Оливер има канта за ѓубре

Јувентус водеше со 3:0 против Реал Мадрид, а потоа судијата Мајкл Оливер во 3. минута од продолжението досуди пенал за Реал Мадрид, беше дискутабилно, мораше да донесе тешка одлука.

Буфон беше прилично бесен, поради што заработи црвен картон, а она што ќе остане запаметено се неговите зборови по завршувањето на мечот.

-Судијата не може да биде толку циничен да го уништи напорот на целиот тим. Човечко битие не може да отстрани тим каков што е овој. Ако сакаш да бидеш главен лик, протагонист, седи со својата сопруга. Оливер има канта за ѓубре, наместо срце, истакна Буфон.

-Животот продолжува. Среќен сум и горд на начинот на кој игравме, го направивме невозможното возможно. Срамота е што завршивме на ваков начин. Дадовме се што можевме, вели Буфон.

Тој додава дека Реал Мадрид се одличен тим и се надеваа дека ќе одат до крајот на ова натпреварување.

-Сепак, ние вечерва заслуживме да играме најмалку продолженија. Го започнавме мечот со зборовите дека нашите шанси се 0.00001% да одиме во наредната фаза, но никогаш не знаеш што ќе ги донесат наредните 90 минути. Знаевме дека може да се вратиме, истакна Буфон.

Коронавирус