петок, 3. декември 2021. Вести денес: 144
home Фудбал

Буфон се запиша во историјата на Серија А

Буфон се запиша во историјата на Серија А

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон стана првиот фудбалер со десет шампионски титули во Италијанското првенство.

Четириесет и двегодишниот Буфон до десеттиот шампионски трофеј со Јуве стигна синоќа по триумфот над Сампдорија со 2:0.

На второто место на оваа листа се одбранбените играчи на Јувентус, Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини, кои имаат по девет Скудета.

Киелини, како и Буфон, имаат титули само со Јувентус, додека Бонучи има еден шампионски трофеј како член на Интер

Коронавирус