недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

Буфон се врати дома: Од Јувентус ги одби овие две работи

Буфон се врати дома: Од Јувентус ги одби овие две работи

Џанлуиџи Буфон се врати во Јувентус, откако пред една година го замени Торино со Париз. На враќање во Јуве го одби дресот со број 1 и капитенската лента.

-Изминативе денови разговарав со капитенот Кјелини и со Шчесни. Ми го понудија дресот со број 1 и капитенската лента. Меѓутоа, фер е бројот 1 да го носи првиот голман на Јувентус, а Кјелини, мојот брат, да остане капитен, рече Џиџи.

Легендарниот италијански голман кој во февруари наполни 41 година, потпиша едногодишен договор.

-Пресреќен сум што се вратив дома. Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Животот е неверојатен и соништата се остваруваат. Се вратив, бидејќи ова е мојот дом, рече Буфон кој сега ќе го носи дресот со број 77, што го носеше на почетокот на кариерата во Парма.

Наводно, во клаузула од договорот со „Старата дама“ стои дека Буфон ќе брани на најмалку 8 натпревари за да го сруши рекордот за број на настапи во Серија А што го држи Малдини.

Коронавирус