недела, 16. мај 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Буфон се огласи по драмата во Мадрид: Срамота е…

Буфон се огласи по драмата во Мадрид: Срамота е…

Легендарниот италијански голман Џанлујџи Буфон неславно ја заврши сезоната, а можеби и кариерата во Лигата на шампионите.

Јувентус остана со празни раце против Реал Мадрид и тоа со пенал од самиот финиш, а Италијанецот истакна дека е срамота што тимот доживеал елиминација на таков начин.

-Животот продолжува. Среќен сум и горд на начинот на кој игравме, го направивме невозможното возможно. Срамота е што завршивме на ваков начин. Дадовме се што можевме, вели Буфон.

Тој додава дека Реал Мадрид се одличен тим и се надеваа дека ќе одат до крајот на ова натпреварување.

-Сепак, ние вечерва заслуживме да играме најмалку продолженија. Го започнавме мечот со зборовите дека нашите шанси се 0.00001% да одиме во наредната фаза, но никогаш не знаеш што ќе ги донесат наредните 90 минути. Знаевме дека може да се вратиме, истакна Буфон.

 

Коронавирус