понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 82
home Фудбал

Буфон: Мора да ја зачуваме предноста на табелата

Буфон: Мора да ја зачуваме предноста на табелата

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека неговата екипа мора да  ја одржува предноста, ако сака да го зачува првото место на табелата во Серија А.

– Фрливме пет важни бодови на последните натпревари. Се уште сме на првото место, но со предност од само еден бод. Наша цел и должност е да ја зачуваме предноста до крајот на сезоната, истакна искусниот голман.

По гласините дека тој имал конфликт со некои од соиграчите по минатонеделниот пораз од Наполи, Буфон го демантираше тоа и нагласи дека некој сака да внесе раздор во екипата.

– Тоа се обиди да се дестабилизира заедништвото на екипата. Никој 17 години, колку што сум јас во Јувентус, не вперил прст во соиграч или пак го обвинил за пораз и тоа никогаш нема да се случи додека сум јас капитен на оваа екипа, потенцира Буфон.

Според него секој следен натпревар е одлучувачки и така треба да се пристапува кон сите противници.

МИА

Локални избори 2021