четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Буфон: Дефинитивно ќе престанам да играм во јуни 2023 година, но можеби и порано

Буфон: Дефинитивно ќе престанам да играм во јуни 2023 година, но можеби и порано

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон објави дека најмногу што ќе остане активен на терените е до 2023 година.

– Го имам зацртано во мојата глава, максимумот. После тоа, дефинитивно нема да играм. Се работи за јуни 2023 година. Ова е максимум, вистински максимум. Но, можам да ја завршам кариерата за четири месеци, соопшти 43-годишниот голман.

Буфон оваа сезона одигра пет натпревари во Италијанскиот фудбалски шампионат, од кои на три не прими гол.

Коронавирус