недела, 15. септември 2019. Вести денес: 72
home Фудбал

Брутална тепачка: Навивачите на Ѕвезда збеснаа, полицијата во Берн почна да пука (ВИДЕО)

Брутална тепачка: Навивачите на Ѕвезда збеснаа, полицијата во Берн почна да пука (ВИДЕО)

Црвена Ѕвезда вечерва во Берн го игра првиот меч од плеј-офот за групната фаза од ЛШ против швајцарски Јанг Бојс.

Во Берн пристигна голем број навивачи на Црвена Ѕвезда, но фанови на српскиот шампион пристигнуваат и од цела Европа, пред се Австрија и Швајцарија, а иако во текот на денот немаше никакви проблеми и се дружеа дури и со навивачите на швајцарскиот тим, сега пристигнуваат вести за инцидент кој се случил додека се движеле кон стадионот.

Според српските медиуми,  Делиите претепале барем едно лице на улиците на Берн.

На снимките кои се појавија на социјалните медиуми може да се види како група навивачи на Ѕвезда напаѓаат група луѓе удираат барем едно лице кое се обиде да влезе во дворот на медицинската установа за одвикнување од наркотици која е во непосредна близина.

Набрзо по ова интервенираше и полицијата, а наводно еден од полицајците во цивилна облека кој може да се забележи на видеото пука во воздух со цел да ги натера навивачите да се повлечат и да престанат со тепачката.