петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 188
Во живо

Централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Фудбал

Британска Влада: Италијанците да не доаѓаат на финалето на ЕУРО 2020 во Лондон

Британска Влада: Италијанците да не доаѓаат на финалето на ЕУРО 2020 во Лондон

Британскиот министер за сообраќај Грант Шапс апелираше денеска до навивачите на италијанската фудбалска репрезентација да не доаѓаат во Лондон за финалето на ЕУРО2020.

Англија ќе игра в недела против Италија во финалето на стадионот „Вембли“ во Лондон, на кое се очекува присуство на околу 60.000 луѓе, но меѓу нив ќе има малку Италијанци поради британските правила за задолжителен десетдневен карантин при влез во Велика Британија.

Одговарајќи на новинарско прашање, што ќе им порача на италијанските навивачи, кои ќе се обидат да допатуваат во Лондон за финалето на ЕУРО2020, Шапс рече „Немојте, е одговорот на тоа едноставно прашање“.

– Ако откриеме дека луѓето доаѓаат само поради фудбалот, нема да им биде дозволен влез и всушност многу чартер и директни летови се откажани врз основа на тоа, изјави Шапс за Радио Тајмс.

Коронавирус