недела, 26. јуни 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Британија воведе санкции и за директорот на Челзи

Британија воведе санкции и за директорот на Челзи

Британската Влада официјално објави во четвртокот вечер дека вовела санкции кон спортскиот директор на премиерлигашот Челзи, Еуген Тененбаум.

Со овој нов чекор на британската Влада како свој одговор на инвазијата врз Украина е замрзнат целиот имот на руско – канадскиот државјанин Тененбаум.

Официјален Лондон посочи, исто така, дека секој авион, брод или која било друга недвижност, која е во сопственост на Тененбаум, може да биде конфискувана доколку влезе на територијата на Велика Британија.

Британските власти на подеднаков начин реагираа и кон Давид Давидович, близок соработник на долгогодишниот прв човек на Челзи, Роман Абрамович.

Се претпоставува дека британската Влада со воведените санкции кон овие двајца олигарси замрзнала имот вреден околу 12 милијарди евра, што досега претставува најригорозна мерка во британската историја. (МИА)

Коронавирус