петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 197
home Фудбал

Бразилската фудбалска легенда Силва и Пендаровски го промовираа ФИФА пехарот во Скопје

Бразилската фудбалска легенда Силва и Пендаровски го промовираа ФИФА пехарот во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промотивниот настан за пречекот на ФИФА трофејот, во рамки на глобалната турнеја во пресрет на Светското фудбалско првенство, коешто ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година во Катар.

Претседателот Пендаровски упати благодарност до организаторите за можноста и честа Македонија да биде една од земјите домаќини на овој значаен спортски трофеј.

– Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ, порача претседателот Пендаровски.

Македонија е меѓу 51 држава опфатени со промотивната турнеја, во која се вклучени и сите 32 земји-учеснички на Светското фудбалско првенство во Катар.

Претседателот Пендаровски го оцени како фудбалска историја доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот, во присуството на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва.

Коронавирус