недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Бразилецот Вилијан не сака никаде освен во – Арсенал!

Бразилецот Вилијан не сака никаде освен во – Арсенал!

Бразилскиот репрезентативец Вилијан, кој од 2013 година е дел од лондонски Челси не сака да оди на друго место, освен Западен Лондон да го замени со северниот дел од англиската престолнина и да се пресели на „Емирати“ во таборот на Арсенал.

Според информациите на англиските медиуми, Вилијан веќе им се доверил на своите пријатели дека нема намера да си замине од Лондон, но дека синиот ќе го замени со црвен дрес, а за да дојде во Арсенал практично ќе одбие неверојатно огата понуда од клубот на Дејвид Бекам во американската МЛС-лига, Интер Мајами.

Одлуката за останување на Вилијан е и поради неговото семејство, кое веќе одлично се снаоѓа во животот во англиската престолнина, а шансата да игра под палката на Микел Артета, кој создава нов тим кај „топчиите“ му е посебно примамлив. Тој заминува до Челси, зашто „сините“ веќе прават сериозна реконструкција на тимот во кој Франк Лампард не може да му гарантира поголема минутажа, но и од „Стемфорд Бриџ“ му понудиле двегодишен договор, а тој барал најмалку три години и затоа сега е на чекор да си замине.

Бразилското крило не играше во финалето во ФА-Купот со Арсенал поради повреда, а ќе го прескокне и дуелот со Баерн Минхен во ЛШ неделава и практично со тоа би требало да ја заврши седумгодишната авантура во Челси.

Коронавирус