понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 81
home Фудбал

Бразилецот Квен да Силва Инасио ново засилување на Шкупи

Бразилецот Квен да Силва Инасио ново засилување на Шкупи

Претендентот за шампионската титула во македонското фудбалско првенство Шкупи потпиша двегодишен договор со бразилскиот играч за врска Квен да Силва Инасио и соопшти дека станува збор за „едно од најдобрите засилувања“ во своите редови.

– Многу сум среќен и мотивиран да играм во овој тим. Ќе работам напорно и ќе дадам сè од себе за овој дрес. Намерите на Шкупи се јасни и затоа сум тука. Ќе се бориме да станеме шампиони и ќе се погрижиме нашите навивачи да бидат среќни и горди на својот тим, изјави 23-годишниот Бразилец на денешната промоција Инасио, кој доаѓа од редовите на бразилскиот клуб Атлетико Монте Азул.

Шкупи утре заминува за Анталија каде ќе ги продолжи подготовките за пролетниот дел од сезоната во која прволигашот од Чаир влегува како првопласирани на табелата.

Коронавирус