петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 163
home Фудбал

Бразилец доаѓа во Милан

Бразилец доаѓа во Милан

Милан е на добар пат да ја освои првата шампионска титула во Серија А по пауза од 11 години, додека веќе им е обезбедено местото во Лигата на шампиони, па „росонерите“ почнаа да размислуваат за потенцијални засилувања.

Раководството на клубот почна да бара нови засилувања, а една од желбите им е Габриел Жесус кој ќе замине од Манчестер сити поради доаѓањето на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Бразилецот не е во прв план на тренерот Пеп Гвардиола, иако настапи на 40 меча во сите натпреварувања оваа сезона и притоа постигна 13 голови и 12 асистенции.

Коронавирус