среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 175
home Фудбал

Бразил реди само победи во мундијалските квалификации

Бразил реди само победи во мундијалските квалификации

Бразилската фудбалска репрезентација ја забележа седмата последователна победа во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2022 во Катар и го задржа лидерското место во групата со максимален ефект.

Петкратниот светски првак синоќа го совлада Чиле на гостински терен со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Евертон Рибеиро во 64 минута.

Аргентина беше поуспешна од Венецуела со 3-1 (Лаутаро Мартинез 45, Жоаким Кореа 71, Анхел Кореа 74 – Џеферсон Сотелдо 90+4)) и остана второпласирана со шест бодови зад Бразил.

Во преостанатите три натпревари од јужноамериканските квалификации, Еквадор го победи Парагвај (2-0), додека Боливија и Колумбија, и Перу против Уругвај одиграа нерешено 1-1.

Локални избори 2021